[fblike]

На 31.05.2019 година заврши проектот „Развиваме иновативно и инклузивно училиште“, кој беше финансиран преку Еразмус + програмата, Клучна акција 101- мобилност во училишно образование.

Како дел од проектот, беа посетени две обуки од наставници од нашето училиште.

Првата обука беше посетена на почеток на февруари од страна на наставничките Кристина Цонкинска, Мирјана Манева- Арсовска и Наташа Иванова, а обуката беше насловена „Образование за деца со посебни потреби“. Обуката која траеше 7 дена, беше реализирана од страна на тренинг центарот Areadne, од Каламата, Грција. По обуката, наставничките оддржаа дводневна дисеминација за вработените од училиштето, како и средното училиште од Кратово.

За време на обуката и дисеминацијата, наставниците, како и стручните соработници во училиштето, се запознаа со најдобрите интернационални практики во врска со:

– Планирање на краткорочни и долгорочни цели во рамки на инклузивното образование (Индивидуален образовен план);

– Адаптирање на училницата за деца со посебни потреби;

– Бихевиорални нарушувања и проблеми во училиштето;

– еТвининг како можност за вклучување на сите ученици во образовниот процес;

-Редовно училиште или училиште за деца со посебни потреби;

-Справување со проблематично однесување;

-Вклучување на родителите во образовниот процес на нивните деца;

-ИКТ за деца со посебни потреби.

Втората обука беше посетена во периодот од 30.04-03.05.2019 година во Неапол, Италија. Обучувач беше организацијата Enjoy Italy, а обуката траеше 5 дена. Наставничките од нашето училиште кои зедоа учество, Кристина Цонкинска, Наташа Иванова и Емилија Симонова, своето знаење потоа го пренесоа на своите колеги од училиштето преку дводневна дисеминација на која беа покриени следниве теми:

-Иновативни пристапи и методи во наставата ( „Делови од сложувалка“, „Обрната училница“, „Училница на иднината“);

– Колаборативно и кооперативно учење;

– Вовед во користење на образовните платформи Edmodo и Weschool;

– Можностите што ги нуди Tes Teach;

-широк спектар на веб алатки за различни намени: Coggle, Kahoot, Canva, Bookcreator, и Edpuzzle.

Овој проект несомнено придонесе за значаен професионален развој на наставниот кадар во нашето училиште, што ќе придонесе за поефективна и поинклузивна настава, а со тоа и задоволување на потребите на секој ученик во училиштето.

 

[fblike]

Напишете коментар