eTwinning училиште

Posted on

eTwinning училиште

ООУ„Кочо Рацин“, Кратово аплицираше и во март, оваа година ја доби ознаката за еТвининг училиште. Ова беше резултат на дел од наставниот кадар во нашето училиште кои земаат активно учество заедно со учениците, во голем број на интересни еТвининг проекти со училишта од други европски земји. Со оваа ознака, нашето училиште, стана едно од осумте училишта во земјава, коишто го добија оваа престижно признание од страна на еТвининг.

еТвининг е веб платформа за наставници и стручни соработници од училишта од цела Европа и пошироко, финансирана преку Еразмус +, програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт.

Kristina
Author