еТвининг активности

Posted on

еТвининг активности

На ден 06.06.2019 година (четврток) учениците од петто одделение реализираа уште една активност од еТвининг проектот „App and Up”. Всушност, тие ги одиграа Kahoot квизовите подготвени од нашите партнер училишта од Италија и Шпанија. Квизовите имаат 20 прашања од различни области и така учениците научија повеќе за овие две држави.

Во овој проект учествуваат шест партнер училишта од Италија, Шпанија, Португалија, Турција, Холандија и Северна Македонија. Првата активност од проектот беше претставување на наставниците и учениците а потоа учениците креираа лого предлози и гласаа за најдоброто лого. На тој начин беше избрано логото на овој проект. Следната активност беше смислување на прашања од страна на учениците во секое партнер училиште, коишто потоа беа внесени како Kahoot квиз, што другите училишта треба да го решаваат.

Активностите од овој проект ќе продолжат и следната учебна година.

Една од целите на еТвининг проектите коишто се реализираат во нашето училиште е развивање на дигиталните вештини кај учениците, како и инклузивно образование, преку вклучување на сите ученици во истите, што е всушност целта на Еразмус + проектот во ООУ „Кочо Рацин“, Кратово, насловен „Развиваме иновативно и инклузивно училиште“.

   

   

   

Kristina
Author