Камп „Околу светот“, Кратово, 2019

Posted on

Камп „Околу светот“, Кратово, 2019

Се покануваат учениците од четвртто до деветто одделение од ООУ„Кочо Рацин“, Кратово, да земат учество во  кампот „Околу светот“, Кратово, 2019 година, кој и оваа година, по третти пат, ќе се оддржи во нашето училиште.

Кампот ќе трае од 24 до 28 јуни, 2019 година, од 9 до 13 часот, а активностите ќе бидат предводени од волонтерот на Мировен корпус, Мајкл Родрик, како и други волонтери од Мировен корпус и наставници од училиштето. Оваа година држави кои ќе се изучуваат се: Португалија, Чиле, Узбекистан, Аласка и Англија. Од 9 до 12 часот учениците ќе бидат во училница и преку интерактивни содржини, уметност, музика/танц и игри, ќе научат нешто повеќе за секоја од овие држави. Од 12 до 13 часот, учениците ќе играат некоја спортска игра, популарна за  државата што ја изучувале тој ден. Ова ќе биде одлична можност за учениците да ги развијат нивните интеркултурни вештини како и да го подобрат нивниот англиски јазик.

Потребниот материјал, закуските и пијалоците за учесниците, се обезбедени преку грант од Мировниот корпус.

Учениците можат да се пријават најдоцна до 10 јуни, кај наставникот Мајкл Родрик или наставниците по англиски јазик од училиштето.

Kristina
Author