„Промовирање на здрав начин на живот“

Posted on

„Промовирање на здрав начин на живот“

„Промовирање на здрав начин на живот“ е проект кој беше заедничка идеја на волонтерот од Мировен корпус, Мајкл Родрик и наставничката по англиски јазик, Кристина Цонкинска. Самата идеја произлезе од недоволната информираност на учениците за здрави навики и здрав начин на живот, како и немањето доволно услови за физичка активност после часовите.

Проектот започна во март, 2019 година и како дел од проектот беа реализирани следниве работилници:

-„Здрави навики за деца“- 9-ти и 13-ти април, две слични работилници, на кои присуствуваа ученички заедно со нивен родител;

– „Здравјето во пубертет“, презентација од страна на локалниот гинеколог, Ванче Какашевски;

– „Идеи за надминување на предизвиците поврзани со здрав начин ан живот“, 25-ти април

-„Факти или митови“, 30-ти април;

– „Традиционални игри и игри на отворено“ – 7-ми мај;

– „Здрава исхрана“, 14-ти мај;

– „Зајакнување на девојчињата преку спорт“ – работилница со НВО ТАКТ, Скопје, 16-ти мај;

– „Емоционална интелигенција“ – 21-ви мај;

-„ е-безбедност“ – 28-ми мај;

– гледање тренинг на ФК Силекс и дискусија со фудбалерите, 30-ти мај.

 

Присуството на овие работилници беше поголемо од очекуваното и беше континуирано во текот на целиот период. Работилниците беа занимливи, информативни и многу корисни за учениците.

Уште еден дел од проектот беше купување на фитнес справи за надворешна употреба и инсталирање на истите во училишниот двор. Ова беше реализирано на почетокот на овој месец, а од септември, учениците од нашето училиште ќе имаат презентации за тоа како правилно треба да ги користат справите и потоа ќе можат да ги користат истите во нивно слободно време.

Благодарност до наставниците Мартин Николовски, Тоше Петков, Даниел Тодоровски, Горан Трајчев и Младен Мицевски кои помогнаа околу реализација на дел од работилниците и подготвувањето на соблекувалната за корисниците на справите.

Kristina
Author