Еразмус + родителска средба

Posted on

Еразмус + родителска средба

На 08.10.2019 (вторник) во 16 часот, се оддржа средба со родители на учениците кои искажаа интерес да учествуваат во новите два Еразмус+ проекти во нашето училиште насловени „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ и „ Биди безбеден (Безбедно пребарување и заштита од булинг)“. На средбата координаторот на проектите, наставничката Кристина Цонкинска, ги запозна родителите со целите и активностите од проектите и термините за престојните мобилности. Родителите добија брошури со информации за проектите а присутна беше и директорката на училиштето, која ги поздрави родителите и зборуваше за досегашните позитивни искуства од ваквите проекти.

Првата мобилност од проектот „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ ќе биде во периодот од 04-08 ноември 2019 во нашата земја,а во оваа средба ќе учествуваат  ученици и наставници од партнер училишта од Италија, Португалија, Шпанија, Турција и Холандија.

Kristina
Author