УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Posted on

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Службен весник на РСМ, бр. 76 од 24.3.2020 година

20200761220

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36
став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14,
196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19),
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 23 март 2020
година, донесе

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНОТО
ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1
Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна
Македонија“ бр. 161/19), ќе се применува за времетраење на вонредната состојба во
Република Северна Македонија, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку
уредено.
За реализaција и организација на наставата во основните училишта и за оценувањето на
учениците за времетраење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа
уредба со законска сила.
Член 2
Наставата во основните училишта се организира преку далечинско учење односно
учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои
обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во
наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Средства за електронска комуникација можат да бидат видеоконференциски
платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член
одлука донесува основното училиште.
Член 3
За периодот на организирање на наставата во основните училишта преку далечинко
учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.
Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат
испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и
оценување на знаењето на ученикот.
Член 4
Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Северна Македонија“.

 

Бр. 44-2445/1

23 март 2020 година

Скопје

Заменик на претседателот

на Владата на Република

Северна Македонија

м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.

toshe5kov
Author