Одбележување на Еразмус + денови во ООУ Кочо Рацин, Кратово

Во нашето училиште, ООУ „Кочо Рацин“, Кратово, на ден 16 и 17 октомври, 2020 година (петок и сабота) се одбележуваат Еразмус+ денови. Предвидени се неколку активности, во кои ќе учествуваат ученици и наставници од училиштето, како и ученици и наставници од нашите партнер училишта од други европски земји.

На 16 октомври, учениците и наставниците од училиштето имаа средба на која беа прикажани снимени видеа од учесниците во тековните проекти за нивните искуства од проектните активности и мобилностите во кои биле вклучени. Беа прикажани и неколку заеднички видеа од тековните проекти, а учениците имаат можност да поставуваат прашања поврзани со проектните активности и можностите за учество во истите.

Исто така беше промовиран и новиот Еразмус+ проект, насловен „Учење англиски јазик преку драма и игри“, кој започна во септември, оваа година, и во него учествуваат шест партнерски училишта од пет земји: две училишта од Турција, и по едно партнер училиште од Романија, Литванија, Португалија и нашето училиште. Во рамките на овој проект, на 17 октомври, учесниците од партнер училиштата ќе имаат онлајн средба на која ќе се запознаат меѓусебно и ќе играат онлајн игри.

Нашето училиште е гордо што има можност да се претстави надвор од државата, а сите учесници, без исклучок, се среќни и задоволни од можноста да учат за нови земји, култури, традиции, да стекнуваат нови пријателства, да го усовршуваат англискиот јазик и и да  добиваат нови знаења и вештини на ваков начин.