Награден ЕКО конкурс по повод Денот на планетата Земја (Earth Day), 22 април

 

Целта на овој конкурс е да се подигне свеста на учениците за екологијата и креативно искористување (рециклирање) и реупотреба на предмети и материјали кои ги користиме во секојдневниот живот, а завршуваат како отпад после нивната употреба. Учениците треба да пронајдат убавина онаму каде што другите гледаат само отпад и да креираат дела од амбалажен отпад.

 

Информации:

  • Конкурсот е наменет само за учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово
  • За креативната изработка од отпаден материјал учениците можат да користат амбалажен отпад, пластични шишиња и капачиња, најлон, картон…
  • Следуваат прва, втора и трета награда за најкреативните изработки и идеи
  • Еден ученик може да учествува со повеќе изработки
  • Изработките треба да се фотографираат и испратат како фотографија
  • Краен рок за испраќање, 26.04.2021 год. (понеделник)

 

Начини на испраќање на фотографиите:

Изработките, односно фотографиите можете да ги испраќате на повеќе начини и тоа преку:

Формата: https://forms.office.com/r/PjyeekG7Jj (Најавете се со сметката на Microsoft Teams доколку ви побара.)

Е-mail: ou-kochoracin-kratovo@schools.mk

Фејсбук странаhttps://www.facebook.com/racin.kratovo

ФБ месенџер: m.me/racin.kratovo