Во рамки на Еразмус+ проектот „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“, на 20 април, 2021 година (вторник) се оддржа првата онлајн средба на ученици и наставници во проектот. Во овој проект учествуваат нашето училиште заедно со уште пет партнерски училишта од Италија, Холандија, Португалија, Турција и Шпанија. На средбата имаше вкупно 95 учесници, меѓу кои и 10 ученици од нашето училиште и наставничката Кристина Цонкинска, која е координатор на овој проект. Темата на средбата беше „Апликации, веб алатки и социјални медиуми во онлајн наставата и во слободно време“ и сите партнерски училишта презентираа на истата. Потоа учесниците имаа интересен Kahoot квиз. На крај, сите изразивме желба и надеж ситуацијата со пандемијата да се надмине и да можеме да се видиме со нашите партнери офлајн.

https://erasmusdidll.eu/?cat=3