Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ Кратово како основно училиште започнува со работа од 1945 година во една стара училишна зграда во центарот на градот. Поради зголемен број на паралелки и ученици, кој од година во година се зголемува и покрај тоа што наставата се одвива во две смени, ова училиште не ги задоволува потребите и условите за одржување на настава, па поради тоа е изградена нова училишна зграда на улица „Михајло Апостолски“ бр.11, во  Царина маала во градот Кратово.

Од учебната 1973/1974 година до 2006/2007 година наставата во оваа училишна зграда се изведува во две смени. Учениците од одделенската настава ја посетуваат наставата во втората смена, додека пак учениците од предметната настава секогаш имаат настава во првата смена.

Од  учебната 2007/2008 година наставата во ООУ„Кочо Рацин“- Кратово се изведува во две училишни згради. Во првата училишна зграда учaт учениците од петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение, а во втората училишна зграда учат учениците од прво, второ, трето и четврто одделение. Наставата во основното училиште како и во сите подрачни училишта се изведува во една смена.

Во учебната 2020/21г. поради пандемијата со ковид 19 наставата во централното училиште од I до III одд. се реализира со физичко присуство, а од IV до IX одд. наставата е на далечина. Во подрачните училишта наставата се одвиваше со физичко присуство.

Од учебната 2021/22г. учениците учат во една училишна зграда, а наставата се изведува во две смени. Учениците од IV до IX одд. посетуваат настава во првата смена, а учениците од I до III одд. во втората смена. Наставата во подрачните училишта ќе се изведува во една смена. Од оваа учебна година за учениците од I и IV одделение се применува новата Концепција за основно образование од март 2021 година.

Од учебната 2022/23г. и за учениците од II и V одделение ќе се применува новата Концепција за основно образование од декември 2021 година.

Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик.

Во склопот на ООУ„Кочо Рацин“- Кратово функционираат следните подрачни училишта:

  • подрачни деветгодишни основни училишта во селата Крилатица и Сакулица,
  • подрачни петгодишни основни училишта во селата Страцин, Шлегово, Туралево, Вакув и Коњух.

ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово е препознатливо со голем број на талентирани ученици кои со својата активност постигнуваат врвни резултати на државни и на меѓународни натпревари.

Патрониот празник на училиштето се одбележува на 22 декември.  

 

2.1 Општи податоци за ООУ„Кочо Рацин“- Кратово

 

Име на училиштето ООУ „Кочо Рацин“
Адреса ул. „Михајло Апостолски“ бр. 11
Општина Кратово
Телефон/ факс 031/ 481 – 118
Електронска адреса [email protected]
Веб страна http://oouracinkratovo.edu.mk/
Фејсбук https://www.facebook.com/racin.kratovo/
Број на верификација 09-5015/3 од 02.09.2003 год.
Квалитет за училиште eTwinning ознака
Јазик на кој се изведува наставата Македонски јазик
Година на изградба 1973 год.
Тип на градба Тврда градба
Површина на објектот 33 550 м2
Начин на загревање на училиштето Парно греење
Број на одделенија 9 (деветгодишно образование)
Број на паралелки 41
Училиштето работи во смени Да
Број на смени Две смени

 

2.2 Просторни услови за работа на училиштето

 

 

Вид просторија Број m2
Училници 47 2355
Работилници за ТО 1 50
Кабинет за информатика, биологија, хемија, ликовно образование, музичко образование 5 305
Библиотека – медиотека 1 60
Просторија за наставници 1 90
Просторија за директор 1 14
Просторија за секретар 1 28
Просторија за сметководители 1 28
Просторија за педагог и психолог 1 14
Просторија за дефектолог 1 30
Просторија за надгледни средства 3 100
Санитарни јазли 20 264
Магацин 1 50
Сала за физичко и здравствено образование 1 820
Училиштен двор и дворна површина 8 36893
Спортска сала 1 600