Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Природни науки во 5-то, 6-то и 7-мо одделение – Работни средби за Планирање и реализација на наставата

4.јули год. во 10:00 CEST

[fblike]

Почитувани,

Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието ќе реализира работни средби за Планирање и реализација на наставата по природни науки во VII (седмо) одделение според новата концепција за основно образование и новата Наставна програма по Природни науки за VII (седмо) одделение.

Средбата ќе се одржи преку Microsoft Teams платформата и со неа ќе бидат опфатени наставниците кои ќе реализираат настава по Биологија, Хемија и Физика во рамките на предметот Природни науки во VII (седмо) одделение во учебната 2024/2025 година.

На работните средби на 4 и 5 јули, освен наставниците кои ќе реализираат настава по Природни науки  во 7. одделение согласно новата Наставна програма во учебната 2024/25 година, ги покануваме и наставниците кои во учебната 2024/25 година ќе реализираат настава по Природни науки во 5. и 6. одделение, а кои досега не биле опфатени со минатогодишните обуки.

Работните средби ќе се реализираат во два термини, и тоа, на 04.07.2024 (четврток) со почеток во 11 часот и на 05.07.2024 (петок) со почеток во 11 часот. Наставниците ќе можат да изберат термин по сопствен избор, согласно нивните работни обврски.

Линковите за приклучување на работните средби се дадени на крајот од оваа порака.

Ве молиме да ги известите наставниците за присуство на обуката и да ја проследите до нив оваа електронска порака.

НАПОМЕНА: Линковите се однесуваат за обука на наставниците кои изведуваат настава на македонски наставен јазик и за наставниот кадар што реализира настава на турски, српски, односно босански јазик.

Линк за работна средба на 4-ти Јули 2024 година:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_YzY0NTk0MTYtM2YzOC00MDRjLThjMjAtYjE2MTQ4Mjc2MzY4%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%2245d57ca4-e921-445d-a695-df67890bf4a2%22%2c%22Oid%22%3a%22b5377052-dfbc-4fca-af30-e8e004884953%22%7d

Ви благодариме за соработката.

Со почит,

д-р Наталија Ацеска

советник – Биро за развој на образование

[fblike]

Details

Date:
4.јули год.
Time:
10:00 CEST
Event Category:

Organizer

д-р Наталија Ацеска советник – Биро за развој на образование

Venue

Онлајн
North Macedonia + Google Map

Напишете коментар