Почитувани,
Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието ќе реализира работни средби за Планирање и реализација на наставата по Историја и општество во VII (седмо) одделение според новата концепција за основно образование и новата наставна програма по Историја и општество за VII (седмо) одделение.
Работните средби ќе се одржат преку Microsoft Teams платформата и со неа ќе бидат опфатени наставниците кои ќе реализираат настава по географија во рамките на предметот Историја и општество во VII (седмо) одделение во учебната 2024/2025 година.
На работните средби, ги покануваме и наставниците кои во учебната 2024/25 година ќе реализираат настава по географија во рамките на предметот Историја и општество во VI (шесто) одделение, а кои досега не биле опфатени со минатогодишните обуки.
Работните средби ќе се реализираат во два термини и тоа:
25.06.2024 (ВТОРНИК) со почеток во 10 часот и
* 26.06.2024 (СРЕДА) со почеток во 10 часот.
Наставниците ќе можат да изберат термин по сопствен избор, согласно нивните работни обврски.
Линковите за приклучување на работните средби се дадени на крајот од оваа порака.
Ве молиме да ги известите наставниците по географија за присуство на работните средби и да ја проследите до нив оваа електронска порака.
НАПОМЕНА: Линковите се однесуваат за работни средби на наставниците кои изведуваат настава на македонски наставен јазик и за наставниот кадар што реализира настава на турски, српски и босански јазик.
Линк за обука на 26.06.2024 (СРЕДА) во 10 часот
teams.microsoft.com
Ви благодариме за соработката.
Со почит,
м-р Трајче Калевски
Советник во БРО