Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Покана за работна средба за наставници по Природни науки – 5. и 6. одделение за учебната 2024/25

27.август год. во 13:30 CEST

[fblike]

Почитувани,

Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието ќе реализира онлајн работна средба за Планирање и реализација на наставата по природни науки во V (петто) и VI (шесто) одделение според новата концепција за основно образование.

Средбата ќе се одржи на 27.08.2024 година (вторник), со почеток во 13.30 часот преку Microsoft Teams платформата и со неа ќе бидат опфатени наставниците кои ќе реализираат настава по предметот Природни науки во 5. и 6. одделение во учебната 2024/2025 годинаа кои досега не биле опфатени со минатогодишните обуки за Природни науки. Наставниците кои следеле обука за Природни науки за 5. и 6. одделение во изминатите години не треба да присуствуваат на оваа средба бидејќи е идентична со обуките што се реализираа во 2022 и 2023 година.

 

Линкот за приклучување на работната средба е даден на крајот од оваа порака.

Ве молиме да ги известите наставниците за присуство на средбата и да ја проследите до нив оваа електронска порака.

НАПОМЕНА: Линкот се однесува за предметните наставници кои изведуваат настава по Природни науки на македонски наставен јазик и за наставниот кадар што реализира настава по Природни науки на турски, српски, односно босански јазик.

Ви благодариме за соработката.

Со почит,

д-р Наталија Ацеска

советник – Биро за развој на образование

Линк за работната средба:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_Mjg1ODAxZDktZDU5Ny00NjYzLWE3MDAtYzU1NGQ5NjQ2NzUw%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%2205ca2741-21fc-4e7f-a1cb-e7361737e13c%22%2c%22Oid%22%3a%22290e10ec-cbb1-4ba0-8ac1-97d97d31fcbb%22%7d

[fblike]

Details

Date:
27.август год.
Time:
13:30 CEST
Event Category:

Напишете коментар