Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Историја и општество во VI (шесто) одделение, за модулот Историја

27.август год. во 10:00 CEST

[fblike]
Почитувани,
Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието ќе реализира работни средби за Планирање и реализација на наставата по Историја и општество во VI (шесто) одделение, за модулот Историја, со напомена дека овие средби се однесуваат само на оние наставници кои не биле опфатени со минатогодишните обуки.
Работните средби ќе се одржат преку Microsoft Teams платформата.
Работните средби ќе се реализираат во два термини и тоа:
* 27.8.2024 (вторник) со почеток во 10 часот и
* 27.8.2024 (вторник) со почеток во 13 часот.
Наставниците ќе можат да изберат термин по сопствен избор, согласно нивните работни обврски.
Линковите за приклучување на работните средби се дадени на крајот од оваа порака.
Ве молиме да ги известите наставниците по Историја за присуство на работните средби и да ја проследите до нив оваа електронска порака.
НАПОМЕНА: Линковите се однесуваат за работни средби на наставниците кои изведуваат настава на македонски наставен јазик и за наставниот кадар што реализира настава на турски, српски и босански јазик.
Со почит
Ирена Борисовска,
Советник
[fblike]

Details

Date:
27.август год.
Time:
10:00 CEST
Event Category:

Напишете коментар