Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Музичко образование за VI oдделение 

29.август год. во 10:00 CEST

[fblike]

Почитувани,

Ве известувам за работна средба со наставниците по Музичко образование за Планирање и реализација на наставата согласно наставната програма за VI oдделениекоја ќе се одржи on line на 29.8.2024 година (четврток) од 10.00 часот на платформата Microsoft Teams.  На оваа работна средба ќе биде разгледана структурата на наставната програма по Музичко образование за VI oдделение со предметните наставници кои во учебната 2024/25 година ќе реализираат настава во VI oдделениеа кои од одредени причини не биле опфатени со минатогодишните обуки (реализирале настава во погорните одделенија, биле на боледување, или се приправници, тукушто вработени и сл.). Не е исклучена можноста за вклучување на наставници кои имаат потреба повторно да ги слушнат насоките за начинот на планирање и реализирање на наставата согласно новата програма за 6то одделение. Работната средба се однесува на наставниците  од сите наставни јазици ( наставници кои држат настава на македонски јазик, на турски јазик, српски јазик, босански јазик, како и на наставниците кои држат наставата на албански јазик, бидејќи надворешната соработничка која требаше да ги одржи обуките на албански не е во можност да ги исполни обврските од оправдани причини). За присуство на работната средба ви го доставувам линкот подолу:

 

 

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_NzhiMDAwODItNTdjYi00MjdjLThlOWEtZTNlYjcwNGVmNWVi%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%2205ca2741-21fc-4e7f-a1cb-e7361737e13c%22%2c%22Oid%22%3a%22e6d84ce8-462a-4ffd-be95-16d172678e0f%22%7d

Со почит,

 

Невена Бошковска

Советник за наставата по музичко образование

[fblike]

Details

Date:
29.август год.
Time:
10:00 CEST
Event Category:

Напишете коментар