Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Обука МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (како мајчин јазик) – за наставните програми за VI одделение кои ќе се реализираат во учебната 2024 / 2025 година – 26.8. 2024 во 10.30 часот

26.август год. во 10:30 CEST

[fblike]
Почитувани,
Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието организира обуки за наставниците кои во учебната 2024 / 2025 година ќе ги реализираат Наставните програми за VI одделение за деветгодишно основно образование по наставниот предмет македонски јазик (како мајчин), како и наставните предмети српски јазик (како мајчин) и босански јазик (како мајчин)ПОТЕНЦИРАМЕ, СЕМИНАРОТ Е НАМЕНЕТ САМО ЗА НАСТАВНИЦИТЕ КОИ ОВАА ГОДИНА ЗА ПРВПАТ ЌЕ РЕАЛИЗИРААТ НАСТАВНА ПРОГРАМА ВО VI ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРЕТХОДНО ПОСОЧЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ.
Обуката ќе се реализира онлајн, преку платформата Microsoft Teams. Линкот кој е во прилог на оваа електронска порака навремено и задолжително треба да го препратите до наставниците кои во следната учебна година ќе ги реализираат претходно споменатите наставни програми за VI одделение. Исто така предочете им на наставниците да си ги проверат своите профили на  Microsoft Teams во однос на нивната функционалност.
За време на самата обука за наставниците ќе биде споделен пример од „Планирање на реализацијата на наставната програма“ и пример од „Сценарио за час“, кои ќе им послужат во нивната понатамошна практика при реализација на соодветната наставна програма.
Време на реализација 26.8.2024 година со почеток во 10.30 часот.
Препорачуваме да исконтактирате со другите основни училишта од Вашата општина во однос на предвидената обука евентуално некое училиште да не е информирано заради погрешна електронска адреса или слично.
Линк за вклучување на обуката:
Со почит
Марина Димитриева Ѓорѓиевска, советник
Оливера Тодороска, советник
Јанко Билбилоски, советник
[fblike]

Details

Date:
26.август год.
Time:
10:30 CEST
Event Category:

Напишете коментар