Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Планирање и реализација на наставата по математика во VI ( шесто ) одделение

27.август год. во 09:00 CEST

[fblike]

Почитувани,

Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието ќе организира обука за наставниците по математика на тема Планирање и реализација на наставата по математика во VI ( шесто ) одделение согласно Концепцијата за основно образование  и новата наставна програма по математика за VI ( шесто ) одделение.

Обуката ќе биде еднодневна и ќе се одржи преку Microsoft Teams платформата и со неа ќе бидат опфатени наставниците кои ќе реализираат настава по предметот математика во VI ( шесто ) одделение во учебната 2024/2025 година, а кои не биле опфатени со минатогодишните обуки.

Еднодневната обука за наставниците кои изведуваат настава на македонски  наставен јазик ќе се реализира на 27.08.2024 (вторник) со почеток во 09:00 часот, а линкот за приклучување на обуката е:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_OWRiNzQzODItNTc2NC00MjI4LWIzZDctNDBjZjAzYjYyYzZk%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%2245d57ca4-e921-445d-a695-df67890bf4a2%22%2c%22Oid%22%3a%228db6a0ec-28db-40cf-8cd6-7011c74cc8b0%22%7d

Со оглед на тоа што Бирото за развој на образованието нема можност (советници) да ја реализира обуката за Планирање и реализација на наставата по математика во VI ( шесто ) одделение на турски, српски односно босански јазик, срдечно ги покануваме наставниците од вашите училишта кои сакаат да ја следат обуката на македонски јазик да се приклучат на истата.

Ќе Ве замолам да ги известите за присуство на обуката само наставниците по математика кои во учебната 2024/2025 година ќе реализираат настава во VI одделение и не ја следеле минатогодишната обука и да ја проследите до нив оваа електронска порака.

Ви Благодариме на соработката.

 

Со почит,

м-р Сања Николоска Пачемска, советник

[fblike]

Details

Date:
27.август год.
Time:
09:00 CEST
Event Category:

Напишете коментар