Покана за работна средба за наставници по Природни науки – 5. и 6. одделение за учебната 2024/25
- This event has passed.
Покана за работна средба за наставници по Природни науки – 5. и 6. одделение за учебната 2024/25
27.август год. во 13:30 CEST
Почитувани,
Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието ќе реализира онлајн работна средба за Планирање и реализација на наставата по природни науки во V (петто) и VI (шесто) одделение според новата концепција за основно образование.
Средбата ќе се одржи на 27.08.2024 година (вторник), со почеток во 13.30 часот преку Microsoft Teams платформата и со неа ќе бидат опфатени наставниците кои ќе реализираат настава по предметот Природни науки во 5. и 6. одделение во учебната 2024/2025 година, а кои досега не биле опфатени со минатогодишните обуки за Природни науки. Наставниците кои следеле обука за Природни науки за 5. и 6. одделение во изминатите години не треба да присуствуваат на оваа средба бидејќи е идентична со обуките што се реализираа во 2022 и 2023 година.
Линкот за приклучување на работната средба е даден на крајот од оваа порака.
Ве молиме да ги известите наставниците за присуство на средбата и да ја проследите до нив оваа електронска порака.
НАПОМЕНА: Линкот се однесува за предметните наставници кои изведуваат настава по Природни науки на македонски наставен јазик и за наставниот кадар што реализира настава по Природни науки на турски, српски, односно босански јазик.
Ви благодариме за соработката.
Со почит,
д-р Наталија Ацеска
советник – Биро за развој на образование
Линк за работната средба: