Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Покана за работни средби – историја – 5.7.2024

5.јули год. во 10:00 CEST

[fblike]
Почитувани,
Ве известуваме дека Бирото за развој на образованието ќе реализира работни средби за Планирање и реализација на наставата по Историја и општество во VII (седмо) одделение според новата концепција за основно образование и новата наставна програма по Историја и општество за VII (седмо) одделение.
Работните средби ќе се одржат преку Microsoft Teams платформата и со неа ќе бидат опфатени наставниците кои ќе реализираат настава по Историја во рамките на предметот Историја и општество во VII (седмо) одделение во учебната 2024/2025 година.
На работните средби, ги покануваме и наставниците кои во учебната 2024/25 година ќе реализираат настава по Историја во рамките на предметот Историја и општество во VI (шесто) одделение, а кои досега не биле опфатени со минатогодишните обуки.
Работните средби ќе се реализираат во два термини и тоа:
* 4.7.2024 (четврток) со почеток во 10 часот и
* 5.7.2024 (петок) со почеток во 10 часот.
Наставниците ќе можат да изберат термин по сопствен избор, согласно нивните работни обврски.
Линковите за приклучување на работните средби се дадени на крајот од оваа порака.
Ве молиме да ги известите наставниците по Историја за присуство на работните средби и да ја проследите до нив оваа електронска порака.
НАПОМЕНА: Линковите се однесуваат за работни средби на наставниците кои изведуваат настава на македонски наставен јазик и за наставниот кадар што реализира настава на турски, српски и босански јазик.
5.7.2024 година
Ви благодарам за соработката,
Ирена Борисовска
Советник во Бирото за развој на образованието
[fblike]

Details

Date:
5.јули год.
Time:
10:00 CEST
Event Category:

Напишете коментар