Квалитетот на реализацијата на воспитно-образовниот процес во училиштата првенствено зависи од компетенциите на целокупниот наставен кадар во училиштето, вклучително и на стручните соработници и директорот.

Континуираниот професионален развој е право и обврска на секој во образовниот систем и е насочен кон стекнување и пренесување на нови знаења за практичниот аспект на работата, знаења за деталите на професијата и реализација на стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес, согласно европските трендови. Континуираниот професионален развој е од особено значење ако се има предвид дека компетенциите на сите профили вклучени во воспитно-образовниот процес не се статични, туку дека се менуваат согласно новите научни сознанија во областа на образованието и потребите за развој и осовременување на образованието.

Кога се дизајнира или се имплементира каква било програма за професионален развој на наставници, многу е важно таа програма да се позиционира внатре во контекстот на теоретската рамка за учење на возрасни.

Можеби најважно за целта на професионалниот развој на наставниците, технологијата повлекува поместување на улогата на наставниците од позиција на единствен извор на знаење и поучување кон станување на фасилитатор – олеснувач на ученичкото учење (знаење) што се стекнуваат од повеќе извори. Последново се однесува на придвижување од „мудрец на сцената кон водач од страна“.

Професионалниот развој на наставниците треба да ги вклучи и моделира формите на педагогија кои наставниците можат да ги употребуваат во нивните училници. На пример, тие програми би требало да го постигнат следното:

  • Им овозможува на наставниците да ги развијат сопствените знаења и вештини активно и искуствено (емпириски), во различни околини за учење како индивидуално така и колаборативно;
  • Вклучуваат различни стратегии за учење кои вклучуваат директно поучување, дедуктивно заклучување (дедукција), дискусии, индукција и споделување;
  • Се стремат кон вештините за размислување од повисок ред;
  • Обезбедување на автентична околина за учење за да можат наставниците да се вклучат во конкретни задачи со реални сценарија;
  • Ги нагласува начините на кои технологијата може да го фасилитира – олеснува и засили професионалниот живот на наставниците;
  • Ги охрабрува наставниците да бидат ментори и водачи во процесот на учење на учениците (наместо едноставно да бидат презентери на знаење и информации);
  • Развивање на вештините на наставниците за учењето како да се учи (дефинирање на цели на учењето, планирање и евалуација на стратегиите на учење, го набљудуваат напредокот и ги прават исправките ако е потребно);
  • Промовираат колаборативно и кооперативно учење;
  • Да биде сензитивна на културата и различностите на наставниците како ученици, користејќи повеќе апстрактен пристап како одговор на различните стилови на учење, можностите, опкружувањето и почетните позиции;
  • Овозможува учење независно од времето и местото.

Професионалниот развој би требало да ги вклучи следните основи компоненти за кои истражувањата покажале дека се есенцијални, меѓу нив се:

  • Директно поврзување со она што го учат учениците. Целта на програмата за професионален развој е да се зголемат и подобрат постигнувањата на учениците
  • Практична употреба на технологијата. Последново побарува развивање на суштинските технолошки компетенции и вештини споменати претходно и примена на тие вештини во училниците
  • Наставниците треба да ги знаат врските меѓу технологијата и курикулумот за кои се одговорни при реализацијата на наставата.
  • Нови улоги на наставниците, како фасилитатори и водачи наместо само како предавачи и инструктори
  • Активна партиципација на наставниците и колегијално учење
  • Професионалниот развој како континуиран процес за усовршување на наставникот.

 

Детектирање на потребите и приоритетите

Секој наставник може да го иницира сопствениот професионален развој врз основа на личните потреби за стручно усовршување во сфери во кои самиот сака да се подобри. Професионалниот развој може да произлезе од потребите на училиштето кои се идентификувани во текот на самоевалуацијата или интегралната евалуација на училиштето и/или под влијание на советниците коишто се одговорни за поддршка на наставниците и наставата. Професионалниот развој на наставниците може да биде наметнат од креаторите на образовните политики и националните образовни институции со цел да се овозможи ефикасна и квалитетна реализација на определени реформски зафати или иновативни практики или едноставно за да се обезбедат квалитет и ефикасност согласно стандардите за процесот и структурата на образовниот систем.

Наставниците може самостојно стручно да се усовршуваат, но може професионално да се развиваат и преку учество во најразлични облици на соработка со колегите во рамките на своето училиште и/или во рамки на меѓуучилишната соработка (на национално или меѓународно ниво). Меѓутоа, кога системот го наметнува професионалниот развој на наставниците, тогаш се организираат акредитирани обуки, водени од стручни тимови, согласно однапред определена стратегија. Во современи услови се користат и интернет-платформи за организирање вебинари за стекнување нови знаења и спроведување обуки од далечина.

Во нашето училиште постои тим, во состав на директор, стручна служба, претседатели на активи, претставници на УО (еден родител и неговиот претседател), кој се грижи за професионален развој на сите вработени, за усогласување на различните потреби и за користење на сите надворешни и внатрешни ресурси за професионален развој.

Активности за професионален развој:

  1. Изработка на акциони планови за сите облици на професионален развој
  • Обуки од секаков облик
  • Семинари (во училиштето и надвор од него, како и онлајн семинари)
  • Работилници на најразлични теми поттикнати од потребите на наставниците заради одредени констатирани пропусти
  1. Задолжителна дисеминација
  2. Задолжително изработка на извештаи пропратени со евалвација на секој облик од каде ќе произлегуваат и наредните облици на професионален развој

Во изминатите учебни години наставниот кадар, стручната служба и директорот поминаа голем број на екстерни и интерни обуки, семинари и работилници.

За професионалниот развој на вработените се води посебна грижа и постои процедура која ја спроведува Училишниот тим за професионален развој, а опфаќа:

  • Анкетирање на наставниците за нивните потреби од професионален развој;
  • Согледување на потребите од професионален развој на наставниот кадар, стручната служба и директорот;
  • Изготвување на програма за екстерни-интерни обуки со планирани корисници на обуките;
  • Водење на база на податоци за посетени екстерни и интерни обуки, семинари и работилници наставниот кадар, стручната служба и директорот;
  • Изготвување на извештаи за посетени екстерни и интерни обуки, семинари и работилници од наставниот кадар, стручната служба и директорот;
  • Реализација на интерни дисеминации.

Секој наставник е задолжен за водење на сопствено професионално досие за чија контрола задолжени се директорот, стручните соработници, инспекторите од ДПИ, општинскиот просветен инспектор.

Секој наставник треба да е мотивиран за постојано посетување на разни семинари, обуки, конференции, регионални средби заради стекнување на нови искуства, сертификати.

 

Ред.бр Програмска  содржина Реализатор
I Подготовка на почетници-наставници  
1. Во текот на учебната година наставничкиот совет дава мислење за менторирани приправници наставнички совет
2. Програмирање на воспитно-образовната работа за почетници
3. Задолжително присуство на наставниците-почетници на нагледни часови ментор наставник
II Перманентно усовршување на наставници со подолг работен стаж  
1. Подготвуваат и одржуваат нагледни часови
III Усовршување на наставниците преку семинари, обуки и дисеминации  
1. Сите наставници ќе бидат вклучени во семинари организирано од БРО
2. Стручно усовршување на наставниците преку одржување стручни предавања пред стручните тела во училиштето
3. Предавањата се од струката на секој наставник, педагошко-психолошката теорија и пракса