Почитувани наставници,
Во пресрет на новата учебна година сакаме да ви се заблагодариме за вашиот досегашен труд и придонес во реализирање настава за време на глобална пандемија.
Сепак, и пред пандемијата податоците покажуваа дека нашиот образовен систем има потреба од крупни реформи. Во таа насока се и новите материјали за учење кои ги разви Бирото за развој на образованието. Целта е осовременување и диверзификација на материјалите за учење кои им се на располагање на наставниците и учениците. На овој начин го правиме првиот чекор кон настава во која нема само еден учебник, туку мноштво од материјали за учење во различни формати, со современи мултимедијални елементи и охрабрување до нашите ученици да истражуваат, да преиспитуваат и да откриваат. За овие материјали ја развивме апликацијата Е-библиотека и првиот чекор во нејзиниот развој е објавувањето на материјалите за учење за четврто одделение на сите пет наставни јазици.
Во моментов апликацијата ги содржи материјалите за учење за 4-то одделение по сите предмети. и истата може да ја преземете за користење на Windows и Android уреди (компјутер, телефон или таблет), а наскоро ќе биде достапна и онлајн.
За преземање на апликацијата за Windows уреди кликнете тука:
Преземи апликација + материјали за учење (МК)
За преземање на апликацијата за Android уреди кликнете тука:
(Ве молиме прво ажурирајте ги вашите андроид уреди)*
За полесно да ја инсталирате апликацијата погледнете го ова видео:
Windows
E biblioteka windows MK – YouTube
Android
E biblioteka android MK – YouTube
You must be logged in to post a comment.