0Shares
Во рамките на етвининг проектот „Једи здраво“(„Храни се здраво“) учениците учесници во овој проект имаа прилика преку опуштена атмосфера да ја изразат својата креативност и имагинација и да ја оживеат тиквата. Изработките од тиква учениците ги изложија во холот на училиштето. Исто така на работилницата се зборуваше за тиквата како сезонска намирница и тоа колку е здрава за конзумирање. Се споделија и рецепти од тиква, како да се направи полнета тиква, супа, пудинг, пита и сл.
Во етвининг проектот учествуваат ученици и наставници од Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Одговорни наставници од нашето училиште се Љупчо Лазаровски и Мирјана Манева Арсовска.

 

текст: Мирјана Манева-Арсовска
Коментари