Стипендии за Охрид камп за високотехнолошка извонредност 2025
Почитувани,
Искрено се надеваме дека ќе ја споделите оваа можност до учениците од вашето училиште и ќе ги поттикнете за учество на 5-тиот Охрид Камп за високо-технолошка извонредност.
Македонија2025 доделува целосни стипендии за учество.
——————————
Охрид Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Убавината на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе со македонско потекло и млади од нашава земја, да воспостават долготрајни пријателства, да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети. Особено сме среќни што изминативе години успавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар, Шведска, и др, но искрено се надеваме ќе успееме да привлечеме и учесници од другите земји од светот.
Охрид камп за високотехнолошка извонредност, во изминатите години, е под покровителство на Претседателот на РСМ.
Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација:

На следниот линк можете да ги осознаете импресиите на нашите поранешни учесници:

Со нетрпение Ве очекуваме да се дружиме, учиме и уживаме во убавините на Охрид. Повикот е отворен до 14 април 2025 година.Интересни информации за проектот:Може да се пријават деца кои се на возраст од 11-15 години, заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините и секако имаат желба и интерес да учат програмирање, кодирање и роботика;
Даваме предност при избор за учество на пријавените деца врз основа на нивниот социо-економски статус и им доделуваме целосни стипендии;
Нашата еднонеделна авантура е за сите деца од Македонија, како и за деца од дијаспората со македонско потекло;
Ќе комуницираме на англиски и македонски јазик со цел да се поттикне комуникацијата и социјализацијата помеѓу учесници од различни држави, учење на различни култури, размена на идеи и градење на интернационални пријателства, ќе ја усовршиме примената и на двата јазика;
Новина за оваа година, Академијата за роботика и иновации и СТЕМ Роботика Кочани, наши парнери во проектот, ќе доделат годишна стипендија на национално ниво за нивните програми за учесници од Македонија. Дополнително, за сите учесници, ќе бидат доделени специјални награди за признавање на знаењето и достигнувањата на учесниците на натпреварите во FIRST LEGO League, во чест на нивната посветеност на образованието и иновациите на STEM.

Ова не е само камп – ова е чувство!
Коментари