На 5 март 2024 година во просториите на ООУ„Кочо Рацин“ Кратово се одржа училиштниот натпревар „Кенгур“. 60% од учениците кои учествуваа на натпреварот  освоија доволно бодови за да влезат во вториот круг. Учениците кои освоија прво место отидоа во финале. Од ООУ„Кочо Рацин“ Кратово само тројца ученици влегоа во финалето од кои двајца се прво место и тоа ученичката Мила Коцевска од IV одд. и ученикот Павел Трајчев од II одд., а ученичката Милена Арсовска од II одд. освои второ место. Овој натпревар го организираа наставниците по математика.
На 21.12.2024г. на Машинскиот факултет во Скопје со свечена пригода ќе бидат наградени учениците со медали и дипломи.
Известуваат ученичките-новинарки Мила Коцевска и Стефанија Тоневска од V одд. од медиумскиот клуб „Кочо-медиум“.
Коментари