Карикатура
Карикатурата е најстарата уметност. Во првите обиди да изрази нешто со зборови, човекот сеуште не можел да говори и притоа “соговорникот” му подавал јаглен од огнот во пештерата за да ја нацрта пораката на ѕидот, за воедно да ја разбере истата. Така се родила прабабата на карикатурите. Тоа биле и почетните обиди за шега и смеа, а меѓу другото и смеата го разликува хомо сапиенсот од животните. Затоа карикатурите одиграле клучна улога за интелектуалниот развој на нашите претходници. Не случајно првите човечки цртежи комбинираат во себе графички знаци и сиже, кои се подоцна основа за почетокот на писменоста, на азбуката. Така антропологијата станала најсмешната наука.
Во модерно време, изработка на карикатури се користи и како креативен подарок како карикатура за роденден, карикатура за пензионирање, карикатура за свадба, карикатура за свршувачка и слично . Најчесто се карикатура по слика со најразлични мотиви, позната е и карикатури македонија или карикатури мк
Карикатуристите се витези на доброто, тие можат да ја казнат неправдата, да ги обелоденат гревовите и сами да се казнат, но никогаш не за долго. Во моментот кога ја објавуваат својата весела пресуда, тие продолжуваат напред кон други ветерници, како Дон Кихот.Денес, ја сознаваме тоталната злоупотреба на зборовите, но имаме задоволство да се враќаме кон природното чувство за хумор, иронија и сарказам преку најлаконскиот жанр – КАРИКАТУРА