На 12 септември 2025 година, на свечен начин беа доделени eTwinning националните ознаки за квалитет на 25 училишта во Македонија, а меѓу нив со голема чест и гордост е и нашето ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово!
Ова е втор пат нашето училиште да ја добие престижната ознака eTwinning School Label, со што се потврдува нашата посветеност во промовирањето на иновативни наставни практики, дигитални компетенции, колаборативно учење и европска соработка.
Наградата во име на училиштето ја примија наставниците Љупчо Лазаровски и Мирјана Манева-Арсовска. За добивањето на оваа награда значаен придонес дадоа и учениците Јана Тодоровска, Ања Ефремовска, Меланија Милошевска, Матеа Лампевска, Мила Коцевска и Теона Тодоровска. Учениците се стекнаа со сертификат за квалитет и учество во еТвининг проектот. Заедно сo нив ги закачивме знамето и плакетата eTwinning School 2025-2026.
Ова признание е поттик да продолжиме да креираме современо и инспиративно училиште за сите наши ученици.

