По повод 5 Октомври – светскиот ден на учителот во нашето училиште се одржа литературно читање посветено на најхуманата професија во општеството.
Да се биде учител, воспитувач, наставник, професор е најубавата, но воедно и најодговорна професија која бара многу посветеност и одрекување. Да бидеш учител, значи да бидеш исправен пред големи предизвици, да бидеш столб во градењето на една индивидуа и креатор на една млада личност со изградени морални вредности, доблест, почит, самодоверба, искреност и толеранција.
Почитувани учители и просветители, нека Ви е честит ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ, и натаму останете посветени на вашата благородна мисија. Во време на вака отежнати околности со кои се соочуваме, уште позначајна е вашата улога. Успешно справувајте се со сите предизвици во процесот на воспитно-образовна работа и истрајте на патот во создавање генерации со високи интелектуални достигнувања кои ќе се залагаат за добросостојба на целото општество.
Среќен и честит ден!



























