0Shares

Почитувани ученици,наставници, родители и граѓани на Република Македонија.
Нека ни е честит и вековит денот на независноста на нашата татковина. ‎ ‎На 8-ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно и одговорно го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. ‎ ‎
Наша е обврската да го сочуваме наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата. ‎ ‎
Треба да знаеме кои сме за да знаеме што сакаме да бидеме. Треба да знаеме што имаме за да знаеме што сакаме да стекнеме. А, сакаме и целиме кон значаен напредок на Македонија во сите сфери од општественото опстојување, подобри услови за живот на нашите деца.
Сите заедно да допринесуваме за доброто на демократска и мултиетничка Македонија. ‎ ‎8-ми Септември е ден за љубов кон нашата татковина.
Да ни е вековита Република Македонија.
Со почит од вработените во ООУ „Кочо Рацин“ Кратово

Коментари