Како да им ги доближиме на учениците лековитите и ароматичните растенија? Како да осмислиме градина во која ќе има место и за одгледување растенија и за учење преку игра? На овие прашања им се посветивме на семинарот „Уметноста на бавното растење“, што се одржа на 20 и 21 ноември во Велес, во организација на Слоу Фуд Македонија.
Нашето училиште, ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, го претставуваше наставничката Нина Манева. Програмата вклучи практични работилници, презентација на едукативна игра и „градинарски муабети“, на кои координаторите и наставниците од различни училишта споделија вредни искуства и идеи од своите училишни градини. ![]()
Училишната градина останува простор за истражување, креативност, учење за природата и развивање здрави навики кај учениците. Благодарност до Слоу Фуд Македонија за можноста да учиме едни од други! ![]()



