0Shares

На 27 октомври 2026 година (вторник), во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, се одржа едукативна работилница во рамки на програмата „Училишта на 21 век“.

Наставниците Давид Крстевски, Маре Ангелова, Соња Додева, Ирена Трајкова, Марија Чочевска и Марија Крстевски го реализираа проектот „Паметен семафор и робот со примена на Micro:bit уреди“.

🚗 Учениците имаа можност преку практични активности да се запознаат со сообраќајните правила, безбедноста во сообраќајот и примената на современите технологии.

🚦 Преку симулација на сообраќај со автоматски семафор и роботско возило управувано со Micro:bit уреди, учениците на интересен и интерактивен начин ги поврзаа теоретските знаења со практичната примена на програмирањето и роботиката. 💡 Целта на работилницата беше поттикнување на креативноста, логичкото размислување, тимската работа и развивањето дигитални вештини кај учениците.

👏 Продолжуваме да создаваме можности за учење преку игра, истражување и примена на новите технологии!

#УчилиштаНа21Век #Microbit #Роботика #ПаметенСемафор #КочоРацин #Кратово #ДигиталниВештини

Коментари