0Shares

Денес, во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, за време на часовите по Извидништво со учениците од VII-б одделение, се одржа интересна и едукативна работилница во организација на Боренка.

Учениците имаа можност да стекнат нови практични знаења и вештини, меѓу кои ориентација на топoграфска карта и во природа со помош на бусола, гаѓање со лак и стрела, како и запознавање и изучување на дел од буквите од азбуката „Семафор“ (Flag semaphore).

Преку овие активности учениците учеа на интересен и практичен начин, развивајќи ја својата снаодливост, концентрација и тимски дух.

Голема благодарност до Александар и Андреј за несебичното споделување на своето знаење и за тоа што им овозможија на учениците да стекнат нови искуства и вештини на интересен и практичен начин!

Коментари