0Shares

Почитувани ,

Ве каниме да пријавите училишни проекти на државниот натпревар за кодирање во рамки на програмата „Училишта на 21 век“ кој е планирано да се одржи на 6 мај во Скопје, со физичко присуство. Предизвикот за кодирање е отворен за сите ученици на возраст од 10 до 15 години  (6 – 9  одделение) од сите училишта коишто беа опфатени во програмата „Училишта на 21-от век“. Британски совет посветено работи на еднаквоста, разноликоста и инклузијата. Ги охрабруваме и девојчињата да се пријават. Приоритет ќе биде даден на тимови со ученици кои освоиле награди на градски, општински, регионални или државни натпревари по предмети од природните науки или информатика.

Сите информации се дадени на веб-страницата https://www.britishcouncil.mk/programmes/education/21st-century-schools/what/competitions

 

Клучни датуми:

 

До 29 март – Изразување на интерес за учество на државниот натпревар за кодирање по пополнување на краток формулар пријавен онлајн формулар.

30 март – 19 април – Пријавување на училишни проекти со поднесување на комплетна документација

28 април – избор на до 20 училишни проекти кои ќе бидат поканети на финален натпревар

6 мај – Финале на државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје со физичко присуство.

Ви посакуваме успех и ги очекуваме проектите од вашите училишта!

Британски совет

Коментари

Leave a Reply