Во нашето училиште преку проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ се формира медиумски клуб „Кочо-медиум“. Главни протагонисти во клубот ќе бидат учениците од различни одделенија. Клубот ќе се состанува најмалку еднаш неделно при што ќе се опфатат различни аспекти на новинарството, медиумската писменост и ќе се создаваат новинарски содржини. Учениците ќе се едуцираат за важноста на новинарството, како да препознаат вистинска вест, за новинарството и вештачката интелигенција, како да снимаат интервју, како да напишат вест, статија, репортажа, како да направат добра фотографија и како да снимаат видео.
Во текот на учебната година од страна на учениците ќе се креираат медиумски производи кои ќе бидат објавувани на веб страната на училиштето.
Координатори на медиумскиот клуб се Љупчо Лазаровски, Лидија Ташева-Донева, Мирјана Манева-Арсовска и Биљана Николовска.