Важно:

  • Внимателно прочитајте ги упатствата пред да внесувате оцени за да не се згреши
  • Затворањето на периодот ќе биде веднаш после советот и после тоа нема да има можност за менување на оцени., оцени можете да внесувате се до советот (во зависност кога ќе е закажан).
  • Внесените оцени можат да се менуваат во рок од 5 дена после внесувањето (важи за секоја оцена посебно), по истекот на 5 денови оценката станува црна и нема можност за кликање
  • И описните и бројчасните оцени си ги пишуваат самите наставници, системот автоматски отвора писмени или описни во зависност од одделението или периодот
  • Внимавајте доколку има некој ученик што неможете да го оцените (отсуства или било што друго), има опција за „неоценет“ за тој период
  • Нема потреба да внесувате оцени по два пати како порано и во табеларен и во класичен преглед, вие си избирате како ви е полесно дали во табеларен и во класичен преглед
  • Описна оцена внесувате само една и тоа доколку е преку „Внеси оценки на ученици“ автоматски е обележано за период „Оценка за тримесечје“ а доколку ги внесувате преку „Табеларен внес на оценки“ обележувате „Оценки за учебен период -> Прво тримесечје
  • Бројчани оцени може да внесувате повеќе (писмено, усно, други проверки) и тоа:
– доколку е преку „Внеси оценки на ученици“ можете да внесувате повеќе пати се без да го чекирате полето „Оценка за тримесечје“  се додека не внесете оценка со чекирано „Оценка за тримесечје“ што ќе е крајна оцена за тој период и веќе немате можност за променување или додавање на другите претходни оцени а крајната оцена за тој период имате можност да ја менувате 5 дена,
– доколку ги внесувате преку „Табеларен внес на оценки“ за да внесувате (писмено, усно, други проверки) обележувате „Оценки во тримесечие (формативно оценување) – > Тип на оценка“  (повеќе пати доколку е потребно) се додека не внесете оценки со обележано „Оценки за учебен период -> Прво тримесечје“ со што внесувате крајна за тој период и повеќе немате можност да внесувате други.
  • Внимавајте:  да не внесетe чекирана „Оценка за тримесечје“ во класично оценување или „Оценки за учебен период -> Прво тримесечје“ во табеларен приказ пред да ги внесете другите (писмено, усно, други проверки) бидејќи по внесената на тој начин, немате можност да внесувате други или да ги менувате постоечките
  • Внимавајте:  кога ќе внесете оцена за (писмено, усно, други проверки) промената на оцените може да ја направите во рок од 5 дена или до внесување на Оценка за тримесечје“ во класично оценување или „Оценки за учебен период -> Прво тримесечје“ во табеларен приказ, крајната оценка за период пак можете да ја менувате исто така 5 дена (таа оценка ќе е со затемнета бројка за разлика од обичните).

Текстуално упатство:

Видео упатства: