Денес нашата училишна екипа оствари голем успех на регионалниот натпревар во фудбал, кој се одржа во Велес, во рамки на проектот „Плазма“.
Во категоријата за ученици од IX одделение и помали, нашите фудбалери го освоија првото место и се пласираа на државното првенство, постигнувајќи две победи без примен гол.
Голема благодарност до ресторан „Лидер“ за прекрасната спортска опрема, како и за поддршката што им ја дадоа на нашите ученици.
Честитки до целата екипа фудбалери и нивниот ментор Борче Спиридонов за големото залагање, борбеноста, тимскиот дух и достоинственото претставување на нашето училиште.
Браво за нашите шампиони!
Коментари



