Во текот на второто полугодие учениците од седмо одделение заедно со своите одделенски раководители реализираа две активности од предметот Општествено-хуманитарна работа:
Уредување на училишниот двор и Подигање на еколошката свест – селектирање на отпад. Учениците кои ја избраа активноста уредување на училишниот двор ги исчистија постоечките жарданјери, ги исфарбаа и посадија цвеќиња. Учениците кои се приклучија кон активноста селектирање на отпад најпрво направија истражување за правилно селектирање на отпад, потоа изработија постери и флаери и ги поделија истите во центарот на градот и истовремено поделија совети за правилно селектирање на отпадот. Преку општествено-хуманитарната работа учениците стануваат активни и одговорни членови на заедницата.
Преку овие активности, тие развиваат чувство на хуманост, солидарност, тимска работа и грижа за околината, но исто така добиваат и можност да ја покажат својата креативност и ангажираност.





























