0Shares

Во периодот од 24 до 28 јуни, 2019 година, во просториите на ООУ„Кочо Рацин“, Кратово, се оддржа по трети пат камп „Околу светот“, Кратово, организиран од страна на волонтерот на Мировен корпус, Мајкл Родрик а финансиран преку програмата за мали грантови на Мировен корпус.

Секој ден учениците учеа за различни држави од светот преку интересни активности. Оваа година државите за кои дознаа повеќе беа следниве: Англија, Аласка, Узбекистан, Португалија и Чиле. Покрај волонтерот Мајкл, работилниците ги водеа и уште неколку други волонтери од Мировен корпус и наставници од училиштето.

Интересот кај учениците беше голем, за што сведочеше и нивниот голем одзив секој ден од неделата, кој во просек беше околу педесет ученика, од градот и од подрачните училишта.

Коментари

Leave a Reply