0Shares

Во рамките на проектот ГЛАСОВИ – визија, мислења, интереси и креативност од европските училишта (VOICES – vision, opinions, interests and creativity from European schools) финансиран од програмата Еразмус +, во градот Брецлав (Чешка) се реализираа активности во периодот од 23 септември до 27 септември 2019 година.

Во овој проект учествуваат наставници и ученици од пет училишта од Македонија, Германија, Полска, Чешка и Словачка. Домаќин-земја беше Чешка, односно основното училиште во градот Брецлав (Zakladni skola a Materska skola Breclav, Kupkova 1).

Од нашата земја учестуваа четири ученички од деветто одделние од ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово, односно Лука Колев, Мери Стаменовска, Сандра Атанасовска и Јакимче Јакимов , заедно со наставничките Кристина Цонкинска и Лидија Арсовска.

Накратко ги пренесуваме активностите реализирани во периодот од 23 до 27 септември 2019 година:

22.09.2019 година: Пристигнување во градот Брецлав во вечерните часови и сместување на учениците во семејствата.

23.09.2019 година: Прв ден во училиштето заедно со учениците и наставниците вклучени во проектот. Прошетка низ училиштето. Директорот на училиштето им посака добредојде и успешна реализација на предвидените активности. Учениците ги претставија своите презентации на тема „Човечките односи во нашето училиште“. Наставниците се состанаа и се договорија за задачите на учениците чијшто резултат се текстови за списанието „ГЛАСОВИ“.

Потоа учениците ја посетија и втората зграда од училиштето, каде што се оддржува настава за ученици до петто одделение и продолжена настава. Потоа се  оствари средба со заменик градоначалникот на градот Брецлав, а потоа учесниците имаа прошетка низ градот и разгледување на знаменитостите на градот.

 

24.09.2019 година: Вториот ден учениците и наставниците имаа екскурзија до Моравски карст каде ја посетија пештерата Пунква.

25.9.2019 година: Третот ден учениците беа поделени во 8 групи за подобро организирање на задачите. Првата група доби за задача да напише прилог за главната тема на списанието. Втората група имаше задача да напише за фамилијарните односи пред 100 години и денес. Третата група доби за задача да направи прашалник поврзан со темата а потоа да ги сумира резултатите во графикони и да напише прилог во кој ќе ги презентира одговорите. Четвртата група имаше за задача да направи стрип поврзан со темата. Петтата група доби за задача да напишат за културата и образовниот систем на Чешка. Шестата група беше задолжена да направи фото галерија. Седмата група требаше да напише извештај за секојдневните активности а осмата група требаше да направи видео од целата недела. Учениците во текот на денот работеа на задачите а наставниците имаа обуки на тема „Инклузија“ на која научија повеќе за системот на инклузија во Чешка и практични примери на примена на истиот.

26.9.2019 година: Посета на фабрика за производство на чипс. Учениците и наставниците беа запознаени со процесот на производство на чипс од прв до последен чекор. Потоа учениците и наставниците се вратија во училиштето и работеа на своите задачи. Наставниците имаа координативен состанок за утврдување на термините за следните мобилности.

 

27.9.2019 година: Учениците ги довршуваа своите работни задачи на предвидената тема. Потоа ги презентираа своите задачи а резултатот ќе биде третиот број од списанието ГЛАСОВИ.

Во 18 часот во училиштето наставниците и семејствата на учениците  имаа заедничка вечера со домашно приготвена традиционална чешка храна. Учениците се забавуваа и се дружеа.

28-29.9.2019 година: Заминување од железничката станица во Брецлав и пристигнување во Братислава, каде нашите учесници ги видоа најзначајните знаменитости.

Оваа посета на нашите ученици во Чешка ги прошири нивните културни и интелектуални знаења и ги збогати нивните искуства со нови познавства, јазични компетенции и соработка со  учениците од другите земји.

Коментари

Leave a Reply