Почитувани .
Пред се, благодарам за сите вас кои веќе нѝ испративте цртеж или песна на нашиот ликовно-литературен конкурс „Водата ве води во средно“.
На почеток на второто полугодие, уште еднаш ве поканувам да ги поттикнете вашите деветтоодделенци да учествуваат на нашиот конкурс. Рокот е уште еден месец, или поточно до 5 март.
Да ве потсетам дека главните подароци се вредносни ваучери и + подарок од Анхоч – не случајно: Децата уживаат во техниката што новото време ја носи.
Со учеството на конкурсот се промовира вашето училиште како и класниот раководител или менторот на ученикот. Имено, сите пристигнати творби се објавуваат на нашата веб и фејсбук страна.
Прогласувањето на најдобрите ќе се случи на Светскиот ден на водата, 22 март о.г. во нашата зоо градина.
Сите сте поканети, заедно со медиумите и видните гости.
Убеден сум дека ќе дојдете, ќе се запознаеме и дружиме.
Ви благодарам на соработката.
Во продолжение повелете линк од пропозициите за учество и начинот на испраќање на творбите:
Со почит,
Ивица Маринковиќ
(Ивце Пивце)
Одговорен за промоција на училиштето
тел. 078 27 97 20
тел: +38922791044
[email protected]