0Shares

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ ​ кој се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“, ќе се спроведе Интеркултурна размена на ученици во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија. За таа цел се објавува Повик за пријава на заинтересирани ученици за учество на Интеркултурната размена.

Од нашето училиште на размената можат да одат  8 ученици кои ќе се селектираат по пат на интервју од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ . Интервјуата ќе се прават во просториите на нашето училиште.

Од нашето училиште назначен супервизор е наставникот Габриела Николовска (тел. 078 595 340  email: [email protected] )

Од видеото можете да видите како изгледа детското село Песталоци.

Во продолжение имате повеќе информации за условите за пријава на Повикот.

Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

Превземи [363.27 KB]

Коментари