0Shares

Почитувани .

Пред се, благодарам за сите вас кои веќе нѝ испративте цртеж или песна на нашиот ликовно-литературен конкурс „Водата ве води во средно“.

На почеток на второто полугодие, уште еднаш ве поканувам да ги поттикнете вашите деветтоодделенци да учествуваат на нашиот конкурс. Рокот е уште еден месец, или поточно до 5 март.

Да ве потсетам дека главните подароци се вредносни ваучери и + подарок од Анхоч – не случајно: Децата уживаат во техниката што новото време ја носи.


Со учеството на конкурсот се промовира вашето училиште како и класниот раководител или менторот на ученикот. Имено, сите пристигнати творби се објавуваат на нашата веб и фејсбук страна.

Прогласувањето на најдобрите ќе се случи на Светскиот ден на водата, 22 март о.г. во нашата зоо градина.

Сите сте поканети, заедно со медиумите и видните гости.

Убеден сум дека ќе дојдете, ќе се запознаеме и дружиме.

Ви благодарам на соработката.

 

Во продолжение повелете линк од пропозициите за учество и начинот на испраќање на творбите:

https://sugsbrakjamiladinovci.edu.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%be-%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d1%83%d1%80%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%be%d0%bd/

 

Со почит,

Ивица Маринковиќ

(Ивце Пивце)

Одговорен за промоција на училиштето

тел. 078 27 97 20

[email protected]

СУГС „Браќа Миладинивци“ – Скопје
Коментари

Leave a Reply