Училишен одбор

 

Орган на управување на основното училиште е училишниот одбор.

Училишниот одбор на основното училиште е составен од девет члена, и тоа: тројца претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите на учениците, двајца претставници од основачот и еден претставник од Министерството.

Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години, а мандатот на претставниците на родителите е за период до завршување на основното образование на нивното дете, но не подолго од три години.

Училишниот одбор од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови, по пат на тајно гласање.

Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Училишниот одбор на основното училиште:

  • – донесува статут на основното училиште,
  • – предлага годишна програма за работа и извештај за работа на основното училиште до советот на општината,
  • – донесува програма за развој на училиштето,
  • – донесува програма за воведување на повисоки стандарди и други програми,
  • – предлага финансиски план до основачот,
  • – предлага завршна сметка до основачот,
  • – објавува јавен оглас за избор на директор во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик,
  • – врши интервју со кандидатите за директор,
  • – предлага на градоначалникот на општината еден, односно двајца кандидати од пријавените кандидати на објавениот јавен оглас за избор на директор,
  • – дава мислење до директорот за избор на наставниците, стручните соработници и воспитувачите,
  • – поднесува предлог до директорот за престанок на работниот однос на лицата
  • – одлучува по приговорите и жалбите на вработените во основното училиште,
  • – одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на ученици и
  • – врши и други работи утврдени со статутот на основното училиште.