0Shares

Како дел од проектот „ГЛАСОВИ (Визија, мислења, интереси и креативност од европски училишта)“, кој што е финансиран преку Еразмус + програмата, Клучна акција 2, ученици и наставници од нашето училиште беа на два мобилности во Полска (ноември, 2018 година) и Германија (март, 2019 година), каде што во соработка со нивни врсници од партнер училиштата од Полска, Германија, Чешка и Словачка, работеа на првиот и вториот број од онлајн списанието ГЛАСОВИ (VOICES).

Преку нивната ангажираност во креирањето на првите два броја од ова списание, учениците ги развија нивните дигитални, интеркултурни и комуникациски вештини, а го унапредија и нивниот англиски јазик.

Во продолжение, ги споделуваме линковите од двата броја на списанието.

https://joom.ag/Nbta

https://joom.ag/wsxa

 

 

 

Коментари

Leave a Reply