0Shares

Во рамките на проектот  „Биди Безбеден-безбедно пребарување на интернет и заштита од булинг“ (2BSafe-Browsing and Bullying Safe) финансиран од програмата Еразмус +, во градот Бакау (Романија) се реализираше првата мобилност во периодот од 9 декември до 13 декември 2019 година.

Во овој проект учествуваат наставници и ученици од партнер училишта од Македонија, Романија, Шпанија, Луксембург и Финска. Домаќин-земја беше Романија, односно училиштет Colegiul National Gheorghe Vranceanu.

Од нашата земја учестуваа пет ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово, односно Горазд Ковачевски, Андреј Ѓеорѓиевски, Дамјана Николова, Меланија Пешева и Андреј Јаковски , заедно со наставничката Кристина Цонкинска и директорката Марина Бојковска.

Во текот на работната недела, учениците имаа презентации за нивните училишта, градови и земји од кои доаѓаат, работилници за меѓусебно запознавање и работилници поврзани со темите „булинг“ и „лажни вести“. Наставниците од партнер училиштата имаа координативни состаноци на кои се дискутираа следните активности и се планираше поконкретно наредната мобилност, која ќе се случи во мај, 2020 година во Шпанија.

Како дел од програмата беа и екскурзиите до градовите Брашов и Јаши, каде што се видоа најзначајните знаменитости.

Оваа посета на нашите ученици во Романија ги прошири нивните културни и интелектуални знаења и ги збогати нивните искуства со нови познавства, јазични компетенции и соработка со  учениците од другите земји.

 

 

Коментари

Напишете коментар