0Shares

Како да се заштитат  од медиумски манипулации и да не наседнуваат на лажни вести беше темата на интерактивната работилница за медиумска писменост, која Центарот за аудиовизуелни уметности  од Крива Паланка ја спроведе на 17 декеври 2019 година, со учениците од ООУ„Кочо Рацин“ од Кратово.

На работилницата учествуваа 20 основци од 9-то одделение, кои учеа за улогата и функцијата на медиумите, пропагандата , потребата од проверка на факти и новинарските жанрови, со помош на едукаторот Синиша Пекевски, експерт по комуникации и односи со јавност.

Оваа активност е дел од проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“, кој Центарот за аудиовизуелни уметности го реализира со медиумско  партнерство на веб порталот „Аберџија“ од Кратово, во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност, спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии, финансиран од Европската Унија.

Во идниот период основците ќе учат како да се заштитат од интернет злоупотреби, а ќе изработуваат и едукативни прилози и кратки видео пораки за медиумска писменост. Од проектот ќе произлезе и една младинска акција преку која младите ќе ги изразат своите потреби и знаења за медиумската култура.

Коментари

Leave a Reply