0Shares

Почитувани ,

Ве известуваме дека Владата донесе ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА (објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 78/22).

Со Одлуката се заменува Прилог 18 односноПротокол за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

Измената е во точка 5 од Протоколот во кој е наведено дека:

„5. Одржувањето на наставата во училиштата е дозволено без маски за учениците, со задолжителна дезинфекција на рацете и со почитување на потребното растојание меѓу учениците.

Обврската за носење маски во основните училишта останува за наставниците и вработените во училиштата и за сите вработени во училиштето.“

Замолуваме за доследно почитување на:

Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2021/2022 година
Протоколот за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.
Со почит
Министерство за образование и наука

 

Коментари

Leave a Reply