[fblike]
Македонија2025 доделува Детски стипендии за Веб Дизајн во ⋮ИВЕЦ летниот детски камп во Маврово
✔ Ако вашите деца се на возраст од 10-15 години, заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините и секако имаат желба и интерес да учат Веб дизајн, тогаш ⋮ИВЕЦ летниот детски камп и Маврово е вистинскиот избор за ова лето.
✔ Macedonia 2025 оваа година им дава можност на дел од пријавените деца да учествуваат и учат програмирање со доделување на целосни или делумни стипендии, врз основа на нивниот социо-економски статус. Во селективен процес ќе се избираат учесниците и ќе им бидат целосно или делумно покриени трошоците за учество во кампот.
✔ Нашата еднонеделна авантура е за сите деца кои се од Македонија и децата од дијаспората со македонско потекло.
✔ Ќе комуницираме на англиски и македонски јазик со цел да се поттикне комуникацијата и социјализацијата помеѓу учесници од различни држави, учење на различни култури, размена на идеи и градење на интернационални пријателства, ќе ја усовршиме примената и на двата јазици.
✔ Обуката ќе биде спроведена од ⋮IW Education Center
⭐Зошто да бидете дел од ⋮ИВЕЦ детскиот летен камп во Маврово?
💯Затоа што оваа година забавата ќе биде во Маврово!
[fblike]

Напишете коментар