[fblike]

                                                   ИЗВЕСТУВАЊЕ

               (Еразмус+ проект „Учење англиски јазик преку драма и игри“)

 

Се известуваат сите ученици од шесто до деветто одделение од ООУ „Кочо Рацин“-Кратово, кои се веќе учесници во Еразмус+ проектот  „Учење англиски јазик преку драма и игри“ или пак сакаат да се приклучат и да учествуваат во проектот, дека можат да ја пополнат Пријавата за учество во мобилноста во Турција и на тој начин да се пријават за следната мобилност од проектот, која е предвидена да се случи од 19 до 23 септември, 2022 година, во Мерсин, Турција.

Линк до Пријавата: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSddm0BfPu_a-g69EOXtEPEF5hh6nmeX-7o-8_XzE5FvIGniJQ/viewform?usp=sf_link

 

Од пријавените ученици, ќе бидат избрани четири (4) ученици, а изборот ќе бидат направен според следниве критериуми:

  1. ученикот има смислено интересна игра поврзана со идните времиња во англискиот јазик.
  2. ученикот нема претходно учествувано во мобилност во овој или некој од другите Еразмус+ проекти во училиштето.
  3.  ученикот има КОВИД19 сертификат ( за прележаност или вакцина).

 

ПОЈАСНУВАЊЕ: Ученикот не мора да ги исполнува сите критериуми, но при селекцијата, ќе се земе предвид кои критериуми ги исполнува.

 

Рокот за пријавување за оваа мобилност е 11 јули (понеделник), 2022 година, до 12 часот.

 

За повеќе информации околу пријавувањето и мобилноста, учениците можат слободно да се обратат на проектниот координатор, наставничката Кристина Цонкинска, лично, или на следните контакти:

емаил: [email protected]

телефон: 077-929-815

 

[fblike]

Напишете коментар