[fblike]

Во рамките на преведувачкиот проект “Книгата со нас” имплементиран од страна на Асоцијацијата Сциенциа Нова од Кавадарци, а поддржан од програмата РЕАД (регионална мрежа за културна разновидност) на Гете Институтот од Скопје, нашето училиште доби 5 примерока од книгата за деца ,,Големата загадочна авантура на Марта” од српскиот автор Урош Петровиќ. Книгата е од интересен жанр каде главната хериона Марта на патот на нејзината потрага треба да решава загатки за да продолжи понатаму. Благодариме за можноста генерациите во нашето училиште да се запознаат со книгата се надеваме на уште многу такви соработки во иднина.

[fblike]

Напишете коментар